Кривокапиќ: Ја споделувам мојата тага со граѓаните на Северна Македонија и Бугарија

Здравко Кривокапиќ
Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ денеска изјави дека споделува огромна тага со премиерите и граѓаните на Северна Македонија и Бугарија поради автобуската несреќа кај Софија во која загинаа 46 лица, главно патници од Северна Македонија.

– Затекнат сум од трагичната вест дека недалеку од Софија се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа најмалку 46 лица, главно граѓани на Северна Македонија. Споделувам неизмерна тага со премиерите и сите граѓани на двете пријателски земји, напиша Кривокапиќ на Твитер.

Најмалку 46 лица, повеќето од Северна Македонија, загинаа откако се запали автобус на автопат во западниот дел на Бугарија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот