Кривокапиќ: За што треба да се извинам на Вучиќ?

Здравко Кривокапиќ/ Фото: SAVO PRELEVIC / AFP / Profimedia

Политичката судбина на Мило Ѓукановиќ и Душко Марковиќ ќе биде онаква како што тие заслужуваат. И тоа не го вели Здравко Кривокапиќ, туку тоа не учи искуството од останатите земји во светот, вели Здравко Кривокапиќ, во интервју за порталот Нова.рс, а пренесуваат Вијести.ме.

Сите пратеници на новото парламентарно мнозинство во црногорското собрание на 23 септември го предложија Кривокапиќ носител на листата на „За иднината на Црна Гора“ за нов премиер.

„Од мене се бара извинување за претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а јас прашувам за што треба да се извинам? Христијанин сум, велам извини, кога ќе згрешам. Наместо извинување, го повикувам раководството на Србија да соработуваме, повторно да го градиме она што некои го рушеа во изминатите 30 години“, истакна Кривокапиќ.

Според неговите зборови, новата Влада во Црна Гора ќе мора пред се да анализира каков товар и оставила заминувачката власт, и дека за Црна Гора е од исклучителна важност да ги негува братските односи со Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот