Кривокапиќ вети: Црна Гора ќе им даде двојно државјанство и на Србите

Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ најави дека по 12 години Црна Гора конечно би можела да им дозволи на своите граѓани да имаат двојно државјанство – црногорско и српско како решение за еден од горливите проблеми во односите меѓу двете држави.

Кривокапиќ оваа информација ја сподели на Твитер.

– Голем број граѓани кои со години живеат во Црна Гора, а не добиле државјанство на нашата земја заслужиле тоа прашање конечнпо да се реши. Владата на Црна Гора во наредниот период ќе пристапи кон решавање на овој проблем, истакна Кривокапиќ.

Инаку, според Законот за црногорско државјанство Црна Гора уште од 2008 година не дозволува двојно државјанство – црногорско и српско. Таквиот закон се толкуваше на два начини: како заштита на црногорскиот идентитет, антисрпска политика или останување на одредени партии на власт со тоа што црногорските Срби не можат да гласаат на избори. Речиси на сите други припадници на нациите во Црна Гора не им е забрането двојното државјанство.

Можноста граѓаните, покрај црногорско да извадат и српско државјанство претставниците на поранешната власт ја гледаа како опасност за проектот „независна Црна Гора“. Тврдеа дека тоа би можело да ја отежне работата на државната администрација и да доведе до тоа во Црна Гора да има повеќе граѓани, со например српско отколку со црногорско државјанство.

Исто така, припадниците на поранешниот режим сметаа дека Црна Гора како мала држава лесно би можела да биде жртва на политички инженеринг и дека голем број на нови гласачи може комплетно да ја смени политичката сцена.

Сепак, до промена на власта дојде и без промена на спорниот закон. Судејќи по се, токму промената на власта ќе доведе до промена на Законот за црногорско државјанство, а не обратно.

Интересен е податокот дека српските државјани, не можат да стана државјани на повеќе од 150 држави во целиот свет. Од 28 членки на ЕУ, само Германија, Данска и земјите од Бенелекс спречуваат двојни пасоши, односно услов за прием на нивното државјанство е одрекување од постоечкото. Во таа група беше и Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот