Кривокапиќ: Инсистирањето на поединци во идната Влада не е во интерес на државата

Здравко Кривокапиќ/ Фото: SAVO PRELEVIC / AFP / Profimedia

Мандатарот за состав на новата влада на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, изјави денеска дека ниту една партија од идната коалициона влада не е исклучена од процесот на формирање на Владата, но дека инсистирањето на поединците за да влезат во нејзиниот состав „не е во интерес ниту на граѓаните ниту на државата“.

„Црна Гора ја чекаат тешки денови и историски предизвици кои само влада од експертски карактер може да ги надмине“, порача Кривокапиќ на Твитер.

Медиумите тврдат дека формирањето на владата оди тешко поради несогласувањето на трите разнородни коалиции кои го сочинуваат парламентарното мнозинство околу распределбата на ресори.

Лидерите на Демократскиот фронт кој го предводи Кривокапиќ, бараат места во секторот безбедност, но тоа, според медиумите, не е прифатливо за мандатарот.

Некои од нив како Андрија Мандиќ и Милан Кнежевиќ во првостепена постапка се осудени на по пет години затвор поради обид за тероризам во 2016 година. Против Небојша Медојевиќ кој е најгласен во барањата и критиката на Српската православна црква на која Кривокапиќ е близок, се води постапка поради перење на пари.

За местата во секторот безбедност е заинтересирана и коалицијата која ја предводи Дритан Абазовиќ, а од чии четири гласови зависи формирањето на идната влада откако коалицијата која ја чинат „За иднината на Црна Гора“, „Црно на бело“ и „Мирот е наша нација“ има мнозинство од 41 меѓу вкупно 81 пратеник во собранието на Црна Гора.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот