Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје го уважи барањето за повторно судење на предметот „Кампања”

фото миа

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања”, го уважи барањето за повторно судење на предметот.

– Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата  на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот Јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.

Од Судот посочуваат дека врз основа на решението на Кривичниот совет оформен е нов кривично правен предмет со К.бр. 416/21, а кога ќе биде насрочена главна расправа за судење, странките и јавноста ќе бидат навремено известени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот