Кривични за тројца дилери

Полицијата извести дека во три одвоени акции уапсени се тројца дилери на дрога. Ноќеска во тетовското село Камењане полициски службеници го уапсиле Ј.И.(23) од тетовското село Долно Палчиштекој во своето возило „БМВ“ криел хероин.

Претходно битолската полиција поднесе кривична пријава против Ѓ.Ј.(32) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При личен претрес полициски службеници кај сега пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Неготино пак поднесе кривична пријава против А.М. (34) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во домот на сега пријавениот полицијата пронашла и одзела амфетамини и марихуана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот