Кривични за малолетници кои вршеле насилство врз соученици

Малолетник од Куманово повредил тинејџер во училишен двор. Во друг одделен случај, малолетници и еден осумнаесетгодишник извршиле насилство во двор на средно училиште, информира денеска кумановската полиција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда”.

На 5 ноември годинава, во двор на училиште во кумановско село, пријавениот физички нападнал 13-годишен малолетник и му нанел тешка телесна повреда.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава и против Ш.Р. (18), еден 17-годишен и еден 16-годишен малолетник, сите од село Отља, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство”.

Пријавените, на 31 октомври годинава, во двор на средното училиште во Куманово физички го нападнале А.И. и со метална палка му нанеле тешки телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот