Кривични против три лица за производство и шверц на дрога

Марихуана фото МИА

Албански државјанин и двајца жители на Дебар заработија кривични пријави за „неовластено производство и промет на дрога” и „помагање”.

-Оделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Ф.Ц.(33) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.Во исто време поднесена е кривична пријава и против К.К.(33) и А.С.(26), двајцата од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање”, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, првопријавениот, во месноста „Врабич”, во близина на регионалниот пат Дебар – Струга, во грмушка сокрил вреќа во која имало 5 килограми и 480 грама опојна дрога марихуана.

Тој бил затекнат во момент кога ја препакувал дрогата, а по кратко време со патнички возило пристигнале второ и трето пријавените кои требало да ја преземат дрогата во помали пакувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот