Кривични против три лица кои од возило пукаа кон неколку куќи во Куманово

Три лица се под кривичен прогон откако минатиот месец од возило пукале со огнено оружје кон неколку куќи во Куманово, информира МВР.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Г.(22) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и против Е.И.(21) и Д.А.(20), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 18.05.2020, за време на забрана за движење – полициски час, пријавените се превезувале во патничко возило „голф“, движејќи се со голема брзина по бул.„Трета македонска ударна бригада“ кон ул.„ЈНА“ во Куманово, при што првопријавениот, како сопатник во возилото, преку отворен прозорец испукал четири проектили од огнено оружје непозната марка кон неколку куќи и со голема брзина заминале кон ул.„Благој Илиев Гуне“ во Куманово, при што го загрозиле животот на луѓето кои биле во дворовите.

Прочитајте и...  Приведен 36-годишен скопјанец баран со потерница

Поврзани вести

Приведен 36-годишен скопјанец баран со потерница

Слободен печат

Претреси и апсења во Кондово

Слободен печат

Приведен скопјанец кој од семејна куќа украл пари и злато

Слободен печат

Скопјанка почина откако во неа удри автомобил

Слободен печат

Тетовци фатени со кокаин

Слободен печат

Две лица повредени во сообраќајка кај Струмица

Слободен печат

Остави Коментар

MacedonianAlbanian