Кривични пријави за 16 дебрани, правеле забава во викендица покрај Дебарско Езеро

Акумулации / Извор: МИА

Сопственик на викендица, лоцирана на брегот на Дебарско Езеро и негови пријатели заработија кривични пријави поради непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.

– Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Р.У.(38) и против други 15 лица, сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додаде дека при контрола извршена на 30 декември минатата година, полициските службеници ги затекнале пријавените на забава, организирана од Р.У. во неговата викендица лоцирана на брегот на Дебарското Езеро.

– Со групирањето во затворени простории, пријавените, ги прекршиле безбедносните протоколи за заштита на населението од вирусот Ковид-19,порад што против нив се превземени пропшаните законски мерки,

Ова е прв прекршок од ваков вид на подрачјето на Одделението за внатрешни работи, кое со својата активност ги покрива општините Дебар и Центар Жупа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот