Кривични пријави против тројца кумановци – не ги почитувале здравствените прописи

куманово болница
Болница во Куманово / Фото: Архива на Слободен печат

Кумановската полиција поднесе три кривични пријави против тројца кумановци кои не ја почитувале забраната за движење, соопштија денеска од МВР.

Кумановците, двајца на возраст од 29 години и едниот триесет и петгодишен биле затекнати без дозвола за движење во Куманово, во април и мај годинава и не постапувале согласно здравствените прописи за време на епидемија.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.А.(29) од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. На 15-ти мај годинава на улицата „Доне Божинов”, тој бил затекнат без да има дозвола за движење за време на забрана за движење населението, соопштија од СВР Куманово.

СВР Куманово поднесе кривични пријави и против А.Н.(29) и А.И.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”. Пријавените на 16 и 19-ти април годинава биле затекнати без дозвола за движење за време на забрана за движење населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот