Кривични пријави против матичар и жена од Скопје што го поттиканала да ја злоупотреби службената положба

Полиција / Фото: МВР

До Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени кривични пријави против Т.Х. (43) од Скопје, осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, и В.Т. (55) од Скопје, осомничена за кривично дело „потикнување“.

Како што информира МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице – матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во текот на август 2020, поттикнат од второпријавената В.Т., ја злоупотребил својата службена положба и овластување и постапил спротивно на процедурата за пријавување починато лице и издавање извод од матична книга на умрени и спротивно на член 21 од Законот за матична евиденција.

– Тој од второпријавената не ја обезбедил соодветната потребна документација за впишување смрт и издавање Изводи од матична книга на умрени, односно со нецелосна документација ја впишал смртта на М.С. (брат на второпријавената) и впишал смрт на Љ.С. (мајка на второпријавената) иако таа е жива, а потоа издал и Изводи од матична книга на умрени, кои В.Т. на незаконит начин ги искористила за поведување оставинска постапка прикажувајќи се како единствен наследник, со цел стекнување значителна имотна корист за себе во вредност од 27.323.299 денари (444.281 евра), на штета на О.Б.С. (сопруга на М.С.) и нивните три деца, соопшти МВР.

Кривичните пријави против двете лица ги поднесе Единицата за финансиски криминал во Секторот за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот