Кривични пријави против двајца тетовци кои со нож и пиштол ги решавале недоразбирањата

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.М.(40) и Љ.В.(47), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста со опасно орудие при тепачка или караница“.

На 17.07.2020 оштетениот К.В.(26) на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово бил физички нападнат неколку непознати лица меѓу кои и Е.М., кој извадил пиштол и со кундакот го удрил, по што  лицата си заминале од местото на настанот. Откако пристигнале полициски службеници, по кратко време пристигнал и Н.М.(36) од Тетово, и почнал да го навредува К.В., по што бил приведен во СВР Тетово. Откако Н.М. бил пуштен од СВР Тетово, бил нападнат со нож од Љ.В..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот