Кривични пријави против двајца дилери од Куманово и Делчево – Слободен печат
Хроника

Кривични пријави против двајца дилери од Куманово и Делчево

При нивен претрес биле проајдени и одземени наркотични и психотропни супстанци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.М. (24) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 13.01.2019 година околу 15,30 часот на локалниот пат Куманово – село Речица, од полициски службеници, при преглед на патничко моторно возило, управувано од пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.И.(25) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”. На 04.08.2018 година во Делчево на улицата „Кузман Јосифовски-Питу”, од полициски службеници, при претрес во домот биле пронајдени и одземени марихуана и мешавина од тутун и марихуана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close