Кривична за тројца кичевчани

Македонска полиција/ Фото: Миа

Тие, според МВР, се однесувале агресивно кон униформиран полициски службеник кој преземал службени дејствија.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, ОВР Кичево до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.А.(40), Ш.А.(36) и Ј.Д.(31), сите од Кичево, информира портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски.

Тој посочи дека овие три лица на 28 минатиот месец на улицата „Веле Змејкоски” во Кичево, се однесувале агресивно кон униформиран полициски службеник кој преземал службени дејствија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот