Кривична за стружанец кој со возило усмрти албански државјанин

Жител на селото Велешта доби кривична пријава, поради тоа што пред повеќе од два месеци, прегазил албански државјанин и неговиот син, а подоцна неговиот татко починал, информира МВР.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против С.Б.(54) од струшкото село Велешта- наведуваат од МВР.

Тој на 17.09.2019, управувајќи патнички автомобил „голф“ на регионален пат, извршил неправилно свртување кон локалниот пат за селото Добовјани и удрил во патнички автомобил „југо“, а потоа во С.Б.(55) и неговиот малолетен син, двајцата од Р.Албанија, кои се движеле по патот. Тие се здобиле со тешки телесни повреди од кои С.Б. подоцна им подлегнал на повредите.

Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот „југо“, Р.П.(58) од Вевчани“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот