Кривична за скопјанец кој му се заканувал на Заев

В.З. (67) од Скопје заработи кривична пријава поради објавен коментар на Фејсбук со заканувачка содржина кон премиерот Зоран Заев.

– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против В.З. (67) од Скопје, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста” по пат на информатички систем. На 25.07.2019 година, на социјалната мрежа Фејсбук пријавениот, преку своето корисничко име, објавил коментар со заканувачка содржина кон премиерот на Република Северна Македонија – велат од полицијата соопшти МВР.

Премиерот Зоран Заев на 25 јули од собраниската говорница информира дека ја пријавил во МВР заканата, која во порака на социјалните мрежи била напишана во коментар по прес-конференцијата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Само куршум за тебе копиле, кој со мерак ќе ти го свирнам без око да ми трепне“, гласела пораката која Заев ја прочита од својот мобилен телефон пред пратениците во Собранието.

Заев кажа дека се знае идентитетот на човекот кој ја напишал пораката и оти случајот е пријавен во МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот