Кривична за поранешниот градоначалник на Кавадарци – Слободен печат
ВестиХроника

Кривична за поранешниот градоначалник на Кавадарци

Поранешниот градоначалник според МВР ѝ овозможил на фирмата од Прилеп да заработи 2.689.800 денари.

Полицијата од Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според МВР, од 2010 до 2013 пријавениот, како градоначалник на општина Кавадарци, без донесена одлука за донесување на детален урбанистички план за изградба на „Зелен пазар“, избрал фирма од Прилеп за изработка на идеен и основен проект за изградба на наведениот објект.

Притоа, тој во три наврати на таа фирма ѝ исплатил вкупно 2.689.800 денари за наведените услуги. По изготвувањето на проектот и донесувањето на генерален урбанистички план за наведениот објект, пријавениот, не ја спровел одлуката на Советот на општина Кавадарци за расчистување на имотно – правните односи при изградба на објектот, по што објектот не бил изграден.

Поранешниот градоначалник според МВР ѝ овозможил на фирмата од Прилеп да заработи 2.689.800 денари на штета на Буџетот на општина Кавадарци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close