Кривична за кумановецот што чуваше лавче

Нелегална трговија со млади лавови/ Фото: Принтскрин

Триесет и едногодишниот С.А. од Куманово, кој на социјалните мрежи се фотографираше со мало лавче, доби кривична пријава за сторено дело неовластено ловење, чување и отуѓување диви животни, по член 228, став 1 од Кривичниот законик.

„Имено, по претходно добиени оперативни сознанија за незаконско чување диво животно, преземени се мерки и активности, а по добиена судска наредба извршен е претрес на три локации на подрачјето на Куманово, со С.А. е извршен службен разговор и по насока на јавен обвинител, од страна на СВР Куманово против него е поднесена кривична пријава. Во врска со овој случај се преземаат и дополнителни активности во насока на целосно расчистување“, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот