Кривична за ексградоначалникот на Василево

мвр зграда
Принтскрин

Полицијата поднесе кривина пријава против В.С.(52) од село Едрениково, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

– Во периодот од 2013 година до 2017 година пријавениот, како градоначалник на Општина Василево, без претходна одлука на Советот на Општина Василево, издавал решенија за трошоци за гориво за приватни и службени патувања на вработени и лица кои не биле вработени во наведената општина, со патнички возила кои не биле во сопственост на општината.

Со ова, пријавениот нанел штета од 303.900 денари на Буџетот на општина Василево, велат од СВР Струмица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот