Кривична за екс директорката на Клиниката за дерматологија

На екс директорката и беше потврден коронавирус, а Клиниката за дерматологија целосно беше затворена, а вработените беа пратени во изолација. Цаца Билјановска уште се лекува на Клиниката за инфективни болести

Министертвото за внатрешни работи поднело кривична пријава против поранешната директорка на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска која спротивно на препораките од Владата по враќање од Италија не се самоизолирала. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев денес извести дека ексдиректорката се вратила од Италија на 29 февруари. Коронавирусот и беше потврден на осми март, а во меѓувреме таа одела на работа и присуствувала на симпозиум на кој имало повеќе од 100 здравствени работници. Поради контактот со ексдиректорката во изолација се околу 200 лица.

– Поранешната директорка направила влез во државава на 29 февруари. Против нејзе и против сите лица кои не ги почитуваат препораките, согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик е поднесен соодветен поднесок до Обвинителството – рече министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

На екс директорката и беше потврден коронавирус, а Клиниката за дерматологија целосно беше затворена, а вработените беа пратени во изолација. Цаца Билјановска уште се лекува на Клиниката за инфективни болести

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот