Кривична за директор кој ги одвел учениците на скапа екскурзија во Охрид

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И. А. (54) од село Требиште, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Пријавениот, вработен како директор во СОУ „Маврово и Ростуше“, на 2.10.2018 организирал и спровел екскурзија без претходно објавен оглас и недозволено склучил договор со шест автопревозници за изведување на еднодневната екскурзија во Охрид, со што постапил спротивно на член 19, 20 и 21 од Правилникот за начинот на изведување училишни екскурзии.

Исто така, И. А. на учениците за екскурзијата им наплатил цена повисока од реалната, соопшти полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот