Кривична пријава за вработена во секторот за урбанизам во Охрид

Полициски службеник / Фото: Архива

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К. (67) од Охрид за сторено кривично дело несовесно работење во службата.

Како што соопшти МВР, во период од октомври до декември 2016 година пријавената во својство на висок соработник во Секторот за урбанизам, управување со градежно земјиште при Општина Охрид, несовесно постапувала во управен предмет за утврдување правен статус на бесправни објекти.

Таа без доставено правосилно оставинско решение од надлежен нотар, изготвила решение за утврдување правен статус на бесправни објекти, урбанистичка согласност за бесправен објект семејна куќа запишана во имотен лист на име и во корист на Л.Б., со што овозможила истата да се стекне со целокупниот имот од нејзиниот покоен сопруг, при што била нанесена штета на неговата ќерка А.Б.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот