Кривична пријава за тројца скопјани за кражби во Тетово

Тетовската полиција информира дека се расветлени неколку кражби случени на крајот од 2019 година, а за кои се поднесени соодветни пријави за тројца жители на Скопје. До Основното јавно обвинителство Тетово поднесена е кривична пријава против М.Х.(48), Д.Т.(42) и Р.Д.(42), тројцата од Скопје, поради основи на сомнение дека првите двајца сториле кривично дело „кражба”, а третиот кривично дело „прикривање”.

-Првопријавениот М.Х. се сомничи дека во текот на декември минатата година, искористувајќи го невниманието на вработените, од продавници за технички производи во Тетово одзел: четири лаптоп-компјутери, кафемат и климатизер, додека Д.Т. го чекал надвор во возило со скопски регистарски ознаки, по што двајцата се враќале во Скопје и заедно со Р.Д. ги продавале производите, а парите ги делеле меѓу себе, соопшти Марјан Јосифоски, портапрол на СВР Тетово.

Вкупната противправна корист со која се стекнале пријавените се проценува на близу 170 илјади денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот