Кривична пријава за стружанец за изнуда: Испраќал закани на семејство од Лабуништа за наводен долг кој требал да го плати нивниот син

Полиција / Фото: МИА

Поднесена е кривична пријава против стружанец за сторено кривично дело изнуда, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР).

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Н. (40) од с.Велешта, струшко, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда”. Лицето Б.Н. во период од три месеци во 2020 година, преку мобилен телефон, испраќал пораки и упатувал закани на семејството на 58-годишен маж од с. Лабуништа, струшко, за наводен долг кој требало да го исплати неговиот син, наведува МВР во дневниот Билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот