Кривична пријава за стружанец кој пукал во дебарското село Џепиште

Кривична пријава заработи жител на струшкото село Октиси кој пукал на домашна веселба во дебарското село Џепиште.

-Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” Одделението за внатрешни работи од Дебар поднесе кривична пријава против Џ.И.(62) од струшкото село Октиси. Тој, на 19 јули 2020 година во 16:50 часот, во дебарското село Џепиште, при семејна веселба пукал од пиштол, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи.

Расположениот стружанец во куќа сопственост на Е.Е. од селото Џепиште, испукал седум куршуми од пиштол „застава М-57″ калибар 7.62 мм.

Според Димоски, Џ.И.пиштолот го поседувал со дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот