Кривична пријава за референт во ЈП „Национални шуми”, затаил 1,5 кубни метри дрвна маса

Дрва за огрев / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ј.(51) од Скопје, осомничен за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 и „фалсификување службена исправа” по член 361 од Кривичниот законик.

На 26.07.2022, пријавениот во својство на референт за сеча и дотур во ЈП „Национални шуми”, издал испратница за 26.07.2022 за натоварено огревно дрво во количина од 2,5 кубни метри во товарно возило „там” со скопски регистарски ознаки. При контрола, извршен увид и премерување од страна на Шумска полиција било констатирано дека натоварената количина не соодветствува со наведената количина во издадената испратница, односно дека има претовар од 1,5 кубни метри дрвна маса, појаснија денеска од МВР.

На тој начин пријавениот му овозможил на М.И., кој го управувал возилото, да се стекне со противправна имотна корист, а на државниот буџет му нанел штета од 13.500 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот