Кривична пријава за полицаец од Свети Николе за лихварство

Полиција / Фото: МИА

ОВР Свети Николе поднесе кривична пријава против О.Ц.(50) од Свети Николе, вработен во МВР, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лихварство”, казниво по член 260 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението од МВР, пријавениот, во периодот од 2020 до 30.7.2021, неовластено се занимавал со давање пари на заем, како и на потрошни предмети на одложено плаќање, искористувајќи ја социо-економската положба на оштетените, при што се стекнал со имотна корист од 539 800 денари.

При претреси во три објекти, сопственост на О.Ц., извршени со судска наредба биле пронајдени и одземени патничко возило „фолксваген голф”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на лице од Куманово, патничко возило „мерцедес”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на друго лице од Куманово, сообраќајни дозволи за двете возила, лична карта од едно лице, список со испишани имиња и парични средства, се посочува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот