Кривична пријава за недозволено поседување оружје кај лице од Велешта

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на Велешта поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материии” и „фалсификување на огнено оружје”.

При преглед на автомобилот на Н.С. (42), како што соопшти СВР Охрид, биле пронајдени пиштол и седум куршуми, а во неговиот дом најдени биле уште три куршуми.

– При преглед извршена на 4 ноември минатата година на улицата „Партизанска” во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа огнено оружје пиштол марка „WALTER”, калибар 7,65 милиметри, чиј број механички бил отстранет, со седум куршуми. Дополнително, при претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се три куршуми калибар 9 милиметри, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Одземените предмети, додаде, пријавениот ги поседувал нелегално

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот