Кривична пријава за Маленко

Бранувањата во македонското пливање продолжуваат, а по најавата на најдобриот македонски пливач, Марко Блажевски дека размислува повеќе да не настапува за Македонија, конкретен чекор направи и претседателот на Националната пливачка федерација (НПФ), Александар Филипчев. Филипчев поднесе кривична пријава за измама и злоупотреба на Александар Маленко.


Претседателот на Националната пливачка федерација се одлучи на ваков чекор за да стави крај на манипулациите на Маленко.

На барање на пливачките клубови во Македонија беше свикано вонредно собрание на кое се смени името на федерацијата, Пливачката федерација на Македонија (ПФМ) се преиименува во Национална пливачка федерација на РСМ, а исто така поради незадоволство од работата беше сменет тогашниот претседател Александар Маленко и беше избран Филипчев за нов предводник. Одлуките од тоа собрание се спроведоа во Централниот регистар на Македонија кој ги потврди промените. Исто така беше известена и светската пливачка федерација (ФИНА), но и покрај тоа Маленко се уште се претставува за претседател на ПФМ.

Филипчев и НПФ сметаат дека Маленко со таквите настапи го нарушува угледот на пливањето, на федерацијата и на самата држава и поради тоа се одлучија да му поднесат кривична пријава за измама и злоупотреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот