-6 C
Скопје

Кривична пријава за лица кои правеле свадба во Арачиново

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека поднесена е кривична пријава за лица кои правеле свадба во Арачиново.

– На 22 октомври 2020 околу 21.00 полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во с.Арачиново. Притоа, во објектот се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 200 лица. Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19, образложија од МВР.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус.

Прочитајте и...  Шеесет годишен пациент со ковид-19 скокнал од третиот кат на болницата во Тирана

Поврзани вести

Иако доцна, сепак МЗ ја објави статистиката: Регистрирани 336 нови случаи, починаа 32 лица

Слободен печат

Изостана денешната ковид- статистика

Слободен печат

ВИДЕО | Трамп: Не се борам за себе, туку за 74 милиони луѓе кои гласаа за мене

Слободен печат

Опозицијата ја бара дневната статистика на заболени од ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО: Отворено едно од најголемите лизгалишта во Европа

Слободен печат

Уште еден град во Србија прогласи вонредна состојба

Слободен печат

Остави Коментар