Кривична пријава за лажно пријавување кривично дело

Било утврдено дека пријавениот во наведеното време не се сретнал со лицето М.Ј. и дека сторил кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.

Полициската станица Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Ш.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавувње кривично дело“.

Пријавениот на 28.12.2019 во 22.30 часот во Полициската станица Кавадарци пријавил дека лицето М.Ј. е сторител на кривичното дело „опожарено возило“, сопственост на З.Б. од Kавадарци. Според пријавеното од страна на В.Ш., тој во 22.00 часот, кога влегувал во полициската станица, се сретнал со лицето М.Ј., кој наводно му рекол „кажи му на З.Б. дека јас му ја запалив колата“.

По преземени мерки и по извршени разговори со повеќе сведоци, вработени во Полициската станица Кавадарци, како и со лицето М.Ј., било утврдено дека пријавениот во наведеното време не се сретнал со лицето М.Ј. и дека сторил кривично дело „лажно пријавување кривично дело“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот