Кривична пријава за Кичевец за „овозможување употреба на наркотични дроги”

Хероин / Форо: Архива на Слободен печат

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување на употреба на наркотични дроги”, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Кичево.

– Тој на 18 мај оваа година на улицата „Борис Кидриќ” во Кичево на едно лице му предал опаковка со хероин, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево полициските службеници констатирале 24 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.

-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6, став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест ковид-19, објасни Димоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот