Кривична пријава за инспектор кој поради несовесно работење го оштетил буџетот на МВР

Полиција / Фото: МВР

Поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, поднесе кривична пријава против лицето А.Р., самостоен инспектор при регионалниот центар за гранични работи Југ.

Пријавениот, од 23.02 до 07.08.2020, како самостоен советник за финансиски работи во истата организациска единица, фактурите кои ги примил од една фирма не ги приложувал веднаш на евиденција и уредна заверка со приемен штембил, туку ги задржувал кај себе и ги доставувал по истекот на предвидениот рок за плаќање.

Поради несовесното и ненавременото извршување на работните обврски на пријавениот, фирмата изготвила каматна листа за задоцнето плаќање, со што бил оштетен Буџетот на Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот