Кривична пријава за две лица за разбојништво врз таксист од Гостивар

такси

Полицијата поднесе кривична пријава за две лица осомничени за разбојништво врз таксист од Гостивар.

Од СВР Тетово информираат дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Ш. Ј. (18) од село Равен и Е. М. (19) од Гостивар.

За нив постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво” кое според пријавата се случило на 26 август годинава. Двајцата откако со такси возило пристигнале во селото Равен од возачот Д. С. (38) од Гостивар, со закана со нож му одзеле околу 1.800 денари по што го напуштиле местотот на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот