Кривична пријава за директорка на штипска градинка – платила за детски реквизити кои не биле испорачани

Полиција / Фото: МИА

Директорка на градинка во Штип, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, уплатила сума од 2,5 милиони денари кон економски оператор, но доставата и монтажата не биле извршени. СВР Штип поднесе кривична пријава протин директорката Н.М (39), поради сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „поперчување на правдата“.

-Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле извршени, таа извршила исплата на економскиот оператор и предизвикала штета на Буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денари, соопштија од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот