Кривична пријава за 28-годишник од Велешта кој на социјални мрежи ширел детска порнографија

Фото: МИА

Дваесет и осум годишен жител од струшкото село Велешта е осомничен за производство и дистрибуција на порнографски материјал, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, полицијата поднела кривична пријава против И.Ј.(28) од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

– Тој, користејќи апликации за комуникација, на повеќе социјални мрежи се зачленувал во групи, во кои ширел содржина со детска порнографија. Потоа, ги споделувал во други групи и лични профили со кои разменувале линкови од групи со таква и слична содржина, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полициски службеници, како што појасни, направиле претрес во неговиот дом во Велешта, при што биле пронајдени експлицитни фотографии, кои биле одземени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот