Кривична пријава за 24-годишна Кратовчанка поради фалсификување пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе кривична пријава против М.Ф (24) од Кратово, со привремено живеалиште во Скопје, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”, казниво по член 268 од Кривичниот законик.

МВР информира дека пријавената М.Ф. набавила две фалсификувани банкноти во апоени од 500 евра и на 26 ноември 2020 година ги пуштила во оптек во казино во Скопје, односно ги разменила за денари и на тој начин го сторила кривичното дело, стекнувајќи се со противправна имотна корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот