Кривична пријава за 14 лица за прослава во затворен простор

Полиција / Фото: МИА
За организирање прослава во затворен простор, вкупно 14 лица од село Двориште заработиле кривична пријава од беровската полиција. Во соопштението од полицијата стои дека лицата се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово до Основно јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од село Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик – се вели во информацијата од беровската полиција.
Како што стои во нивното соопштение, пријавените на 13.01.2021 околу 1 часот во продавница во Двориште организирале и учествувале во прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописи со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот