Кривична пријава против тетовец за бесправно градење

СВР тетово/ фото: МИА

 СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности” и „бесправно градење”.

Пријавениот, во текот на годинава на ул.„ Д.Г.Кара” во Тетово, во својство на инвеститор, на две катастарски парцели сопственост на Република Северна Македонија  извршил изградба на монтажен објект, со што го проширил деловниот објект со вкупна површина од 48 метри квадратни, без да има соодветна дозвола од надлежен орган, односно одобрение за градба, информира Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот