Кривична пријава против сопственик на угостителски објект кој работел по 23 часот

Кривична пријава е поднесена против сопственик на угостителски објект кој работел по 23 часот спротивно на одлуката за Владата за ограничување на работното време.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против Ш.А. (48) од тетовското село Речица поради основано сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Полициските службеници при направената контрола во објектот синоќа околу 30 минути по полноќ затекнале во објектот седум гости кои биле служени со пијалоци.

За констатираната состојба известени се и инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот