Кривична пријава против скопјанец за бесправно градење и узурпација на недвижности

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.А.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „бесправно градење” и „узурпацијата на недвижности”.

Пријавениот, во текот на септември оваа година, узурпирал градежно земјиште во катастарска општина Бутел со површина од 4.746 метри квадратни, сопственост на Р.С.Македонија, и без да обезбеди Одобрение за градење, во својство на инвеститор, започнал и изведувал противправни градежни активности – градба од втора категорија, за која е потребно Одобрение за градење согласно член 57 став 2 од Законот за градење. Исто така, на две соседни катастарски парцели во катастарска општина Бутел, од кои едната 4.746 метри квадратни, а другата 1.672 метри квадратни, која што била приватна сопственост на друго физичко лице, започнал со изведување на противправни градежни активности, со што ги сторил кривичните дела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот