Кривична пријава против лице кое неовластено фрлало смет

Град Скопје денеска ја напиша првата кривична пријава против лице кое невластено фрлало смет на улицата Александар Урдаревски во Бутел. Градскиот инспекторат во соработка со Министерството за внатрешни работи изврши увид, земени се сите докази и е поднесена кривична пријава. Нема да правиме компромис со никого кога станува збор за чистотата во нашиот град.

Ова го изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на денешната акција за расчистување на општина Кисела Вода.

Покрај во Кисела Вода, акцијата денеска се одвиваше и во општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Сарај.

Како што кажа Шилегов, станува збор за масовно чистење во кое се вклучени сите технички и човечки потенцијали на Градот и на јавните градски претпријатија, помогнати од општините.

– Во секоја општина веќе се поставени по три пункта за одложување кабаст отпад каде граѓаните ќе можат да го остават својот отпад од ваков тип. Оваа акција ќе биде проследена и со засилен инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање диви депонии на истите места, изјави Шилегов на улицата „Христо Татарчев” во Кисела Вода.

Во општината Кисела Вода денеска ќе бидат расчистени неколку диви депонии, ќе се чисти Усјанскиот канал, ќе се пресечат неколку стари и исушени дрвја, а ќе бидат исчистени и повеќе улици.

На почетокот на акцијата за чистење на улицата „Христо Татарчев” присуствуваа и градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски и директорот на ЈП „Комунална хигиена” Абдусамед Шабани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот