Кривична пријава против две лица за „фалсификување на огнено оружје”

Оружје илустрација / Фото Архива на СП

ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Н.(56) од Кичево и против А.А.(42) од струшкото село Франгово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување на огнено оружје” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, соопшти попладнево МВР.

Според МВР, на 11 мај 2021 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и ОВР Струга, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, извршиле преглед во патничко возило „мерцедес”, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.А. и во него пронашле и одзеле пиштол „НК” и 50 куршуми калибар 9 милиметри. Тој, предметите, според МВР, претходно ги добил при контакт со А.Н. во близина на бензиска пумпа, на магистралниот пат Струга-Кичево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот