Кривична пријава против две лица од Кочани за „повреда на слободата на определување на гласачите“

Луѓе чекаат во ред за да го остварат своето право на глас на 10. парламентарни избори во РС Македонија / Скопје, 15 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела „повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.

По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот. Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.

Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со дежурен основен јавен обвинител од Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот