Кривична пријава против директорка на детска градинка

EPA-EFE
Градинките ги отворија вратите за децата / Скопје, 9 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Ј.(52) од Македонска Каменица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

-Од  01.01.2017 до 31.12.2017 во Македонска Каменица пријавената, како директор на детска градинка, без да спроведе постапка за прибирање понуди и спротивно на чл.28 и чл.100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена транспарентна постапка, извршила набавка на стоки и услуги во вредност од над 500 евра во денарска противвредност, и тоа од повеќе правни лица во вкупна вредност од  271.649 денари, а во еден случај извршила делење на истородна услуга – превоз на деца, со што постапила спротивно на чл.27 ст.1 од Законот за јавни набавки и извршила набавка на услуга во износ од 35.047 денари- стои во дневниот билтен на МВР.

Со ова пријавената, без да спроведе тендерски постапки извршила набавка на разни стоки и услуги во вкупна вредност од 306.696 денари, со што повластила одредени правни лица да се стекнат со корист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот