Кривична одговорност за прославата на Велигден во Бигорски, бара Алијансата на Албанците

Оттаму бараат надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно кривичната постапка за организаторите и учесниците.

Стотици православни христијани се собраа синоќа во црквата Бигорски за да го прослават Велигден, не почитувајќи го полицискиот час, препораките и мерките за спречување на вирусот, реагира Алијансата на Албанците на Зијадин Села.

Оттаму бараат надлежните органи, полицијата и обвинителството да го испитаат случајот и да преземат мерки согласно кривичната постапка за организаторите и учесниците.

  • Овој случај претставува скандал, кршење на сите мерки, почнувајќи од спречувањето на движењето за време на велигденските празници и во исто време нарушување на јавното здравје на граѓаните. Православните верници, покрај тоа што не го почитуваа полицискиот час, не ја почитуваа ниту препорачаната социјална дистанца и не носеа маски и ракавици, што во овој случај тие можат да бидат извор на масовна инфекција за ширење на ковид-19“- се наведува во партиското соопштение.

Коментари со недолична содржина се споделуваат и на Фејсбук-постот од министерот за здравство, Венко Филипче, каде се вели дека синоќа не се преземале мерки за Велигден, бидејќи во црквите имало масовни собири на христијани.

 

Publiée par Agim Kerimi sur Dimanche 19 avril 2020

 

Братството на Свештената Бигорска Обител попладнево преку соопштение, како што наведува, одговори на соопштението на партијата на Зијадин Села. Прочитајте го одговорот ТУКА.

Велигденска литургија во празни храмови, празникот каков што не се памети (ВИДЕО)

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот