Кривичен суд: Одобрено обвинението за „Поштенска банка”

Кривичен суд / Фото: МИА

Основниот кривичен суд Скопје денеска соопшти дека по одобреното обвинението за „Поштенска банка“ формиран е кривично – правен предмет, кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ги следат јавните расправи во Основниот кривичен суд Скопје, ја информираме јавноста дека Обвинителниот акт со КОК – ооа 60/20 поврзан со „Поштенска банка” против девет лица обвинети за кривичните дела Злoупотреба на службена положба и овластување, како и Перење пари и други приноси од казниво дело, по одржана седница на советот за оценка, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

По одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, формиран е кривично – правен предмет со КОК бр. 124/21 за кој откако согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија, ќе биде насроечна главната расправа за што странките ќе бидат дополнително информирани.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот