19.8 C
Скопје

Кривичен не добил барање за аболиција

Судот досега нема добиено никакво барање за аболиција, ниту од обвинет, ниту од осуден, изјави денеска на брифинг со новинари претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев.

– Претседателот на државата има право да донесе аболиција и тоа е факт. Ако биде донесена аболиција, судот тогаш ќе се произнесе и ќе проценува по неа – изјави Џолев.

Во однос на предметите „Труст” и „Тенк”, претседателот на судот, Џолев, рече дека сè уште не се вратени од Апелација и дека се почитуваат доследно сите мерки за претпазливост.

За пресудите за случајот „27 април” Џолев рече дека уште не се изготвени и дека законскиот рок за тоа, соглано член 11, изнесува 60 дена.

Во однос на наводите во медиумите за чести изземања на поротниците од случаите, на брифингот беше посочено дека постојано има движење на поротници и дека тоа е нормален процес.

– Сите пресуди се носат со гласање на судии и поротници. Конкретно пресудата за „27 април” е донесена со резултат од 5:0 по гласањето од тројца портоници и двајцата судии во предметот – изјави Џолев.

 

Поврзани вести

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Спречен пожар во казиното во „Мериот“

Слободен печат

Возило со кочански таблички излетало од патот кај мостот на Бабуна, повреден е возачот

МИА Агенција

Казнети 348 возачи за брзо возење, најмногу во Тетовско

Слободен печат

Ранет скопјанец донесен во Градска

Слободен печат

На „Ќафасан“ кај скопјанец откриени над 17.000 евра

Слободен печат

Остави Коментар