Кривичен го одби барањето за екстрадикција на Морина

Кривичниот суд денеска соопшти дека не се исполнети условите за екстрадикција на Томор Морина. Од таму изјавија дека решението, заедно со предметот ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување. Морина останува во притвор до завршувањето и на второстепената постапка.

Прочитајте го целото соопштение:

„Во однос на повеќе новинарски прашања за Т.М. кој се наоѓа во притвор заради постапка за екстрадиција по распишана меѓународна потерница, ја информираме јавноста дека Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по барање на Министерството за правда на РСМ, а по разгледување на целокупната пропратна документација во барањето, како и ценејќи ја  досегашната воспоставена судска пракса и меѓународното право, донесе решение дека не се исполнети условите за екстрадиција на лицето во Р. Србија како баратели на екстрадицијата.

Решението, заедно со предметот, согласно член 65 ст. 5 од Законот за меѓународна соработка во кривична материја, веднаш ќе бидат доставени до Врховниот суд на РСМ за понатамошно одлучување.

Воедно, мерката притвор против лицето, определена по предлог на обвинителството на 25.07.2019 год, продолжува да опстојува до правосилноста на решението од Кривичниот совет, односно до одлучување по предметот од страна на на Врховниот суд на РСМ.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот